Вие сте тука:Home > Новости > Социјална анализа и анализа на животната средина за Луково Поле

Социјална анализа и анализа на животната средина за Луково Поле

lpoleИзработката на студија за влијанијата врз животната средина и социјалните анализи за проектот Изградба на браната Луково поле и довод на корабски води е посебен предизвик.

Изградбата треба да се изведува во чувствителна област на Националниот парк Маврово и анализите треба да ги споредат придобивките од употреба на обновливите енергетски извори, како што е хидро енергијата, со негативните влијанија врз животната средина.

Под водство на Pöyry Infra GmBH, вклучена е угледна екипа на национални експерти во проектот на Светска банка и Електрани на Македонија, ЕЛЕМ, како клиент. Експертизата вклучува проценки на сите сектори и медиуми, проследени со дискусија на засегнатите чинители, како и јавна расправа.

Ангажманот трае до јуни 2012.