Во декември 2011 година Клиентот Цементарница Усје, на БАР Е.Ц.Е. му ја додели изработката на Основен проект за пречистителна станица за атмосферски и површински отпадни води. Овој проект претставува следна фаза на претходно сработените Физибилити студија и ОВЖС за истата пречистителна станица.
Главни карактеристики на овој проект се:
- Пречистување на атмосферските и површински отпадни води што се генерираат во сливното подрачје на фабриката;
- Технологијата на пречистување предвидува прелиминарен механички третман и примарен третман со помош на хемиски средства (коагуланти и флокуланти), механичко обезводнување на талогот,;
- Процесот е полу-автоматизиран кој изискува минимално присуство на опратори и одржување;
- Квалитетот на ефлуентот до максимално дозволените концентрации согласно ЕУ Директивата за пречистување на отпадни води 91/271/EEC и националната регулатива.
Основниот проект е комплетиран и доставен на клиентот во март 2012 година, при што доби позитивна ревизија, од авторизирана ревидентска куќа.




