Во декември 2011 година Клиентот Цементарница Усје, на БАР Е.Ц.Е. му ја додели изработката на Основен проект за пречистителна станица за атмосферски и површински отпадни води. Овој проект претставува следна фаза на претходно сработените Физибилити студија и ОВЖС за истата пречистителна станица.

Изработката на студија за влијанијата врз животната средина и социјалните анализи за проектот Изградба на браната Луково поле и довод на корабски води е посебен предизвик.
БАР Е.Ц.Е. е спонзор на аматерскиот тениски турнир "Tetovo Open 2011" од 2006 година. Годинешниот турнир се одржа од 22 до 25 септември, 2011.
На 7 април 2011 година, се одржа свечена церемонија во ОУ “Братство Единство” во Средно Коњари и на 21 април 2011 година, во ОУ “Кочо Рацин” во Катланово со што се одбележа комплетирањето на проектот од Заедно за Европска Македонија програма 2010, финансирано од страна на Кралството на Норвешка, координирано од Секретаријатот за европски прашања при Владата на Република Македонија и имплементирано од БАР Е.Ц.Е.

